Уживајте во денот: Еве што не очекува веќе од утре!


Како што предвидуваат од УХМР наскоро не очекува промена на времето – се најавува заладување и дожд…
Денес ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град. Во текот на новата работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
За утре се најавува претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7
За вторник, среда и четврток се најавува влошување на времето со пониски температури и врнежи. Просечни температури: Минимална температура: 10°C до 17°C Максимална температура: 25°C до 32°C УВ=7

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Тамара Тодевска со емоционална изведба (која во исто време и ја кине душата на парчиња, навирајќи ви солзи на очите додека ја слушате) на стариот евергрин со безвременско значење – „Време за плачење“

Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи …