Намирници кои го исфрлуваат никотинот од телото

Сите сме свесни за негативните ефекти на цигарите и никотинот врз нашето тело. Доколку сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите организмот од никотин е со помош на овие намирници.

Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.


This image has an empty alt attribute; its file name is brokula.jpg

Брокула, карфиол, прокељ и зелка
Освен што овој зеленчук содржи полифеноли за кои се покажало дека се корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржат и антиоксиданси кои го чистат организмот од бројни токсини. Варете ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни квалитети.


Зелен чај и витаминска вода
Со пушење, телото ја губи потребната течност и телото многу побрзо дехидрира. Пиењето голема количина домашна витаминска вода која лесно можете да ја подготвите сами, а зелениот чај полн со антиоксиданси го исфрла никотинот од телото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …