СЕ ОГЛАСИЛЕ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈАТА: Еве каква одлука донесоа за учеството на РУСИЈА и УКРАИНА на претстојниот натпревар

Организаторите на престижното европско натпреварување денеска соопштија дека очекуваат на овогодинешниот натпревар да настапат Русија и Украина, без разлика на моменталната воена состојба која е на сила поради конфликтот меѓу двете земји.


Зборувајќи за овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, закажан за мај, организаторите рекле дека натпреварот е „неполитички културен настан“ и се чини дека ги отфрлаат навестувањата дека рускиот напад врз нејзиниот сосед ќе доведе до забрана на земјата во 2022. година.
66-тото издание на годишниот натпревар е предвидено да се одржи во Торино, откако италијанскиот рок бенд „Манескин“ триумфираше на минатогодишниот натпревар.
Веста беше објавена откако Европската Унија и другите ја осудија руската инвазија и ветија остри санкции за нападот врз Кремљ.

View this post on Instagram

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)



– Изборот за песна на Евровизија е неполитичка културна манифестација која ги обединува народите и ја слави различноста преку музика – се наведува во соопштението од натпреварот организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
– Членовите на јавните радиодифузери на ЕБУ во Русија и Украина ветија дека ќе учествуваат на овогодинешниот настан во Торино, а во моментов планираме да ги пречекаме уметниците од двете земји кои ќе настапат во мај. Секако, ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата – се наведува понатаму.
Организаторите на Евровизија се огласија по полемиката што беше иницирана на социјалните мрежи и илјадниците коментари кои сугерираа дека на Русија и се забранува учество.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …