(ФОТО) КАКВА КРАЛИЦА! Пратеничка од Нов Зеланд со велосипед отишла во болница да се породи

Пратеничката Џули Ен Гентер го возела својот велосипед до болницата каде се породила еден час подоцна.
Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ен Гентер, се качила на својот велосипед во неделата наутро и итно одишла во болница. Породувањето веќе започнало и еден час подоцна таа се породила.
„Важна вест! Во 3.04 утринава се поздравивме со најновиот член на нашето семејство. Искрено, не планирав да одам на пораѓање со велосипед, но така се случи“, изјавила таа на Фејсбук.


Политичарите на оваа островска држава со пет милиони жители имаат репутација на многу опуштени и нормални. Премиерката Џасинда Ардерн отишла на породилно, па дури и го донела своето тримесечно дете на состанокот на ОН затоа што се уште доела.
„Моите контракции не беа толку страшни кога отидовме во болница, иако беа на 2-3 минути. Нивниот интензитет се зголемуваше како што стигнавме, 10 минути подоцна“, рекла таа, додавајќи дека нејзиното здраво, среќно дете спие мирно, заедно со тато.
Гентер, исто така, со велосипед отишла на породувањето со своето прво дете, синот, во 2018. година.

„Прекрасно неделно утро за возење велосипед, до болница, на индукција за конечно да го родам ова бебе“, изјавила таа на Инстаграм тогаш.

Фото: Принтскрин/Facebook/Julie Anne Genter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …