Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид 19, иако првично ја прележал но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови.
На социјалните мрежи со него се збогуваат пријателите и колегите. Беше жива енциклопедија, велат, слава му.
Нека почива во мир, дебармаалец, стар, асли скопјанец, мангупиште градско, Тоше малиот како што го викаа дебармаалци, велат во групата „Стари скопјани“.


Тодоров студираше политикологија на Универзитетот во Љубљана, а долгогодишната работа како новинар и уредник го донесе и во македонското собрание како советник за односи со јавност во собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељановски… Беше одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет критичар и аналитичар.Во својата кариера беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите тв настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …