27. ноември е Светски ден на апстиненцијата. Во тоа име ви носиме листа од 15. работи на кои не треба да трошите. Инвестирањето во овие работи е губење пари…
Само ден по „црниот петок“, шопинг манијата и попустите, се одбележува денот на воздржување од пазарење. Дали сте свесни колку пари трошиме на непотребни ситници без кои навистина можеме да функционираме?
Верувале или не, ако престанете да ги купувате овие 15 работи ќе заштедите многу пари:
1. Најнови уреди – ако оние што веќе ги поседувате сè уште работат правилно, нема потреба да ги менувате. Техниката и технологијата се развиваат со молскавична брзина, а ако се обидете да останете во чекор со неа и да купите се што ќе се појави на пазарот, многу брзо ќе банкротирате.
2. Флаширана вода – полесно е да се купи шише кое ќе го полните на чешмата. Ефектот е ист.
3. Облека за тренинг – што недостасува на обична тренерка и бела маичка?
4. GPS навигатор – секој паметен телефон има GPS уред, па не мора да купувате посебен.
5. Среќки – сфатете го ова: коцкањето е губење пари. Само тој што никогаш не ги одиграл добро поминал.
6. Апликации за мобилни телефони – ако преземете апликација бесплатно, подоцна ќе испадне дека треба да платите за да работи правилно. Ако до сега можевте без неа – ќе можете и од сега.
7. Сламки за пиење – Можеби чинат неколку динари, но сепак се толку бескорисни што нема потреба да фрлате пари за нив.
8. Сувенири, магнети за фрижидер – товар и за вас и за оние на кои што ги купувате!
9. Весници – сето ова е веќе на Интернет!
10. Средување во салони – сето ова можеме да го направиме сами дома. Негувањето на ноктите, негата на косата, фенирањето, негата на кожата бараат значителна сума пари ако одите во салони. Многу подобра опција е да одвоите малку време и да си обезбедите совршена нега дома.
11. Облека и обувки од скапи брендови – ако не ви стои добро, кому му е гајле каква марка е вашата гардероба. При изборот, не се водете од натписите на гардеробата, туку од фактот дали и одговара на вашата фигура или не.
12. Премногу детали, украси, фигури – минимализмот и онака е во тренд. Не ви требаат премногу детали во куќата.
13. Безброј играчки за деца – ако има премногу играчки детето станува помалку креативно. Нема потреба да фантазира и сака затоа што веќе има се. Освен тоа, на овој начин ќе порасне верувајќи дека без никаков напор може да добие се што ќе посака во животот.
14. Златен накит – божутеријата може да биде исто толку ефектна, а ќе потрошите неспоредливо помалку пари.
15. Членарина во теретана – со безброј видеа за теретана не ви треба личен тренер. На крајот на краиштата, пешачењето или трчањето во природа е одличен тренинг.