Џошуа Спристерсбах, бил уапсен во 2017. година и префрлен во државна болница на Хаваи, откако полицијата наводно го заменила со криминалец по име Томас Каслбери.
Откако поминал повеќе од две години во психијатриска установа против негова волја поради промена на идентитетот и бил принуден да зема лекови кои влијаат на промената на однесувањето, маж од Хаваи одлучил да поднесе тужба за граѓански права против Хаваите.
Според тужбата поднесена во неделата, Џошуа Спристерсбах бил уапсен и префрлен во државна болница на Хаваи, откако властите наводно го замениле со криминалец по име Томас Каслбери. Џошуа спиел на тротоарот пред засолниште за бездомници во мај 2017. година кога полицијата во Хонолулу го собрала и го пријавила за наводните злосторства на Каслбери.
Каслбери имал криминално досие за употреба на дрога, кражба на автомобили и провали.
Џошуа на полицајците им го дал своето име, датум на раѓање, број за социјално осигурување и отпечатоци од прсти, но полицијата во Хонолулу никогаш не ја потврдила неговата информација, според Хавајскиот проект за невиност.
Пред прво да се појави на суд, Џошуа поминал четири месеци во поправниот центар на заедницата во Оаху. И покрај тоа што пред судот инсистираше дека тој не е Томас Каслбери, адвокатот на Џошуа побарал комисија од тројца лекари да го проценат неговиот клиент во државната болница, каде што ги помина следните две и пол години.
Според тужбата, Џошуа бил застапуван од шест дополнителни адвокати, од кои никој не го потврдил идентитетот на обвинетиот.
„Кога Џошуа бил во Поправниот центар, тој им кажал на болничкиот персонал, неговите лекари и тројца проценувачи на менталното здравје дека тој не е Каслбери“, се наведува во проектот „Невиност“.
„Колку повеќе Џошуа протестираше дека не е Каслбери и дека никогаш не ги извршил злосторствата за кои бил во Поправниот дом, толку посилни антипсихотични лекови добивал, поради што станувал ‘полуд’“.
Фото: Принтскрин/YouTube