(ФОТО) Пред осум години милиони го чекаа моментот кога ќе се роди ова момче

На денешен ден во 2013. година, милиони луѓе во Велика Британија и ширум светот го чекаа моментот кога британското кралско семејство ќе објави дека е роден иден крал или кралица.


View this post on Instagram

A post shared by Kate Middleton (@_kate_middleton_royal)


Во попладневните часови беше објавено дека Кејт, војвотката од Кембриџ, родила момче, трето по ред за британскиот трон, а нацијата падна во транс. Веста за раѓањето на новиот британски принц беше неверојатна вест во сите британски медиуми, а британскиот „The Sun“ се појави следниот ден со името The Son (Син).


Принцот Џорџ Александар Луис беше претставен во јавноста по само 24. часа и ентузијастичката толпа пред болницата го виде за прв пат. Среќните родители Вилијам и Кејт го изнесоа бебето од болницата Света Марија пред новинарите, а првите фотографии од новородениот принц веднаш ги преплавија светските медиуми.

Неговото име беше објавено неколку дена подоцна.
Денес, кралското семејство објави нов портрет на идниот крал.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …