Познатата манекенка и ријалити sвезда Кети Прајс, во едно шоу, упати шокантни тврдења за сексуално злоставување, тврдејќи дека ја силувале кога имала само седум години.
Таа истакнала дека има голем проблем со довербата во мажите, поради немилиот настан што се случил во паркот кога имала само седум години.
„Сите проблеми во мојот живот потекнуваат од мажите. Така ми се случува од мала бидејќи ме силуваа кога имав седум години. Напишав за тоа во мојата прва книга, тоа се случи во паркот„, рекла Кејти и додала:
View this post on Instagram
„Работев со фотограф кој заврши во затвор. Тој беше опседнат со мене. Ме фотографираше во несоодветни изданија кога имав само 7. години и мислев дека нема ништо лошо во тоа. Тој ме натера да го исплазам јазикот, кој имаше сексуална конотација“, вели манекенката и открива дека на нејзиниот проблем со мажите влијаел и нејзиниот татко, кој заминал кога се развел од нејзината мајка кога била мала.
„Не се сеќавам кога замина, но потсвесниот ум се сеќава на сè. За време на терапиите, сфатив дека често влегувам во врски, па ги прекинувам затоа што не сакам таткова фигура затоа што тие секогаш те изневеруваат. Секој проблем во мојот живот потекнуваше од мажите. Сè друго е совршено“, заклучила таа.
Фото: Принтскрин/Instagram