(ФОТО) НЕОЧЕКУВАНО – Го угостила сопругот во емисија и му признала афера со 20. години помлад: Жената на Вил Смит открила кога се случила прељубата!

Џада Пинкет Смит признала дека била во врска со 20-годишниот рапер Август Алсин, кој е пријател на нејзиниот син.
Тоа го сторила во своето ток-шоу „Збор на црвена маса“, во кое била домаќин на нејзиниот сопруг Вил Смит. Актерката открила дека сè се случило кога нивниот брак бил во криза.
“Ние се оддалечивме (таа и Вил Смит) и после тоа влегов во врска со Август. Бев ранлива и скршена”, признала Џада и додала дека врската траела неколку месеци.


Открила дека таа и актерот се обиделе да се одвојат еден од друг, само за конечно да сфатат дека тоа не е можно. Кога ја прекинала врската со младиот рапер, таа се помирила со Вил и со години не разговарала со младиот човек. И покрај кризата, славната двојка повторно е заедно и тврди дека имаат „безусловна љубов“ еден за друг.
„Ќе ти вратам за ова“, рекол актерот, на што неговата сопруга одговорила:
„Мислам дека веќе ми врати, ја заклучивме таа приказна“.



Инаку, со години се шпекулира дека парот Смит има отворена врска и дека се обожаватели на оргии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …