(ВИДЕО) Смртта од корона на 24-годишна пациентка од тетовско Јегуновце предизвика многу непознаници кај лекарите

Неколку случаи на опасниот вирус во земјава покажаа дека КОВИД-19 не ги поштедува ниту младите.
Од домашно лекување со инфузии до откачен тромб од бели дробови. И јавноста и здравствената фела изненадени како 24-годишната девојка од тетовско Јегуновце која немала хронични болести – сепак му подлегнала на корона вирусот.
Првите симптоми кои се појавиле кај девојката биле температура, кашлица, малаксаност на телото и тешко дишење. Се обратила кај матичниот лекар кој четири дена ја лекувал со инфузија. Но ниту од тоа не и било подобро, па заминала во општата болница во Тетово. Таму ја тестирале за КОВИД и добила позитивен тест.
Само два дена престојувала таму пред да ја транспортираат на Инфективна, на 28-ми минатиот месец, вели за Канал 5 директорката на клиниката Милена Стевановиќ. Ја примиле со многу тешка клиничка слика а поради ниската сатурација веднаш и била дадена кислородна поддршка.
Лекарите увиделе дека состојбата почнала да се подобрува. Но следел пресврт за кој од клиниката се уште немаат одговор како се случил.
„Се забележа извесно подобрувања, но краткотрајно – со наредно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија, И покрај преземените мерки за лекување во соработка со кардиолог, пациентката подлегна на болеста. Изненадени сме од смртта бидејќи во здравствениот картон немаше податок за претходни хронични заболувања“, вели д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.
Токму сознанијата дека откачувањето на тромб од плуќата во голем дел од случаите се појавува кај стари лица кои хронично боледуваат ги заинтигрирало докторите. Затоа тие ќе разговараат со семејството на пациентката и ќе истражуваат какво било здравјето кај пациентката пред да се зарази со корона.
Неколку случаи на опасниот вирус во земјава покажаа дека КОВИД-19 не ги поштедува ниту младите. На почетокот од април на Инфективна почина 27-годишна родилка од Куманово која на свет донесе машко бебе негативно на КОВИД. Во „8 Септември“ се лекуваше 20-годишник кај кого вирусот му го воспалил мозокот и беше редок случај со ваква здравствена слика, но за среќа беше излекуван.


Авторка на прилогот е Тамара Стојкова

Извор:kanal5.com.mk


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …