Долго очекуваната прва средба на двајцата браќа после Мегзит го свртела вниманието на јанвоста…
Принцот Хари и Меган Маркл вчера се сретнаа лице в лице со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тоа било исклучително напната сцена која ја следеле сите светски медиуми.
Се’ започнало со казнување на квартетот – како непослушни деца, од страна на кралицата, забранувајќи им да се појават со неа на парадата. Ова значело дека принцот Хари и Меган, принцот Вилијам и Кејт, сами и независно од свечената поворка ќе дојдат во црквата и ќе седнат на нивните места.
Така и било. Прво дошле принцот Хари и Меган кои седеле покрај принцот Едвард, а подоцна дошле Вилијам и Кејт кои седеле пред нив.
Вилијам едвај ги погледнал брат му и снаата и накратко ги поздравил, додека Кејт, брзо промрморела „Здраво“ и тоа без да погледна во нивна насока, се свртела и седнала на своето место.
Тоа биле единствените зборови што оваа четворка ги разменила.
Кога кралицата пристигнала, таа била придружувана од принцот Чарлс и Камил, кои ја прекинале крајно напнатата и непријатна ситуација, така што срдечно се поздравиле со Хари и Меган.
По напуштањето на службата, за време на излегувањето од црквата, прво излеглас кралицата, а потоа ја следеле принцот Чарлс и Камила, а потоа и Вилијам и Кејт, а последни излегле Хари и Меган.
Експертите за говор на телото велат дека нивниот став направил на сите да им биде многу непријатно, особено на принцевите Вилијам и Хари, чијашто поранешна братска врска сега целосно исчезнала!