(ФОТО) КРАЛСКОТО СИНО Е НЕЈЗИНА БОЈА – Ја „победила“ Меган па блеснала уште повеќе: Еве што правела Кејт синоќа!

Кејт Мидлтон била домаќинка на приемот во Бакингамската палата…
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон минатата вечер присуствуваше на 25-годишнината од Place2Be, детска добротворна организација, откако го одбележа Денот на Комонвелтот со другите членови на кралското семејство.


Прославата беше изведена во Бакингемската палата, а домаќинката на приемот, Кејт, ги остави сите присутни без здив со елегантниот изглед.
Имено, по впечатливата црвена наметка во која ги привлече сите погледи на церемонијата во Вестминстерската опатија, војвотката од Кембриџ се преслече во празничен фустан во нијанса на кралската сина боја и заблеска во целосен сјај.



Тоалетата со „бчамец изрез“ и блескави детали на горниот дел веќе имаме видено на Кејт – тоа го носеше на гала боливудската вечер во Мумбаи за време на кралската турнеја во Индија и Бутан во 2016. година.


Фустанот се верува дека е направен специјално за неа во Индија а неговата вредност се проценува на 3.500 фунти.



Таа го комплетираше стајлингот со цветна клач ташна, елегантен пар обетки и впечатлив прстен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …