(ФОТО) Два питони кои се бореле за женка му паднале на пензионер, преку таванот, во куќата!


Пензионерот Дејвид Тејт од Австралија доживеал вистински шок кога две змии паднале од таванот на подот од кујната во неговиот дом, а потоа продолжиле кон спалната и дневната соба.
Фаќачот на змии Стивен Браун изјавил дека змиите биле машки Diamond Python и се бореле за женка. Едната змија била долга 2,8 метри, а другата 2,5 метри, а тежеле околу дваесет килограми. Браун рекол дека тие биле најголемите змии што ги видел некогаш.
Третата змија сè уште не е лоцирана, што предизвикало страв дека сè уште е некаде во куќата. Другите две змии биле преместени во блиската шума.

https://www.facebook.com/brisbanenorthsnakecatchersandrelocation/posts/1252017935139414


Тејт рекол дека претходно видел змии низ целиот свој дом, но никогаш не видел толку големи.
Како што се приближува потопло време, Австралијците треба да бидат подготвени да се сретнат со овие животни бидејќи во тоа време тие излегуваат од хибернација. За фаќачите на змија, овој период е добар за деловните активности.
Браун предупредил дека змиите можат да бидат опасни и дека не треба да се борите против нив без стручна помош.
„Ако видите змија, не приоѓајте и ако ве каснат, врзете ја раката и одете во болница. Без соодветна медицинска нега, можете да умрете“, рекол Браун.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битола подготвена за 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

На вчерашната прес-конференција која се одржа во Центарот за култура, беше најавено 26. издание на …