(ВИДЕО+ФОТО) После скандалот на свадбата спортистот се изолирал, таткото на невестата имал срцев удар

Рускиот борач Заурбек Сидаков избега во осаменост, на планина, каде што се обидува да го заборави неславниот инцидент што се случи среде неговата венчавка со Мадина Плијева.
На неговата мајка веднаш и се слошило, а таткото на невестата доживеал срцев удар и бил итно пренесен во болница. Двете семејства сметаат дека е направена голема штета на нивната репутација и чест, а фактот дека венчавката е направена според кавкаски обичаи дополнителни кумувало затоа што семејствата се многу конзервативни и сакаат да се држат до традицијата.


View this post on Instagram

A post shared by Zaurbek Sidakov (@zaurbek_sidakov) on



Неколку дена после драмата, започнале да се откриваат повеќе детали за сè, а гостите почнале да заземаат страна.
Во пораките се вели дека Плијева се гледа со богат оженет бизнисмен, па оние што застанале на страна на младоженецот почнале да тврдат дека фотографиите ги испратила очајната сопруга на бизнисменот. Оние кои сè уште имаат повеќе доверба во невестата, веруваат дека фотографиите се стари неколку години и дека таа тогаш ги испратила на својот партнер и дека станува збор за едноставна провокација.

View this post on Instagram

Несмотря ни на что. #workworkwork

A post shared by Zaurbek Sidakov (@zaurbek_sidakov) on

Да потсетиме, за време на прославата, Сидаков почнал да добива пораки дека неговата новопечена сопруга е проститутка, а му биле испраќани голи фотографии од неа, но наскоро на мобилните телефони на гостите почнале исто така да пристигнуваат пораки, кои Сидаков почнал да ги брка од салата.
Адвокатите на невестата сметаат дека таа законски има голема шанса да ја заврши целата драма со успешна тужба против испраќачот, нејзиниот невенчан сопруг и неговото семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …