САЛМА Хајек наполнила 54. години. Актерката годинава реши да го прослави својот роденден во костум за капење и на Инстаграм објавила фотографија на која ја истакнала својата витка фигура.
„Погодете кој наполни 54.“, напишала покрај фотографијата на која позира во црн едноделен костум за капење со шешир на главата.
Оваа хороскопски Девица е во завидна форма, и вложува многу напор во тоа.
„Некои луѓе развиваат навика да тренираат наутро, јас не успеав во тоа“, признала таа за списанието „People“.
Затоа таа работи на своите мускули во текот на целиот ден, претежно вежбајќи јога.
„Дури и кога ги миете забите, работите со вашите мускули“, додала таа.
Покрај тоа, таа тренира пет до седум пати на ден, различни форми на вежбање, од пилатес до Јога.