(ВИДЕО+ФОТО) Пожарникарот од Чернобил сепак постоел а неговата приказна е пострашна отколку во серијата!

“Секој ден запознавав нова личност. Последните два дена искашлуваше парчиња од белите дробови и црниот дроб. Се гушеше во сопствените органи. Ќе ја замотав раката во завој, му ја ставав во уста и ги вадев тие парчиња”, раскажала Људмила, сопругата на пожарникарот…
Иако од емитувањето на последната епизода од серијата „Чернобил“ минала една недела, на социјалните мрежи сеуште се сумираат впечатоците. Екипата која работела на серијата во неколку наврати говорела за настанокот на серијата, а познато е дека сите ликови во серијата се стварни, освен нуклеарната физичарка Улана Кламук чиј лик ги отелотворува сите нуклеарни физичари во СССР кои му помагале на професорот Легасов во санирањето на штетата после експлозијата.
Стварни ликови се и пожарникарот Василиј Игнатенко и неговата сопруга Људмила. Во серијата е прикажано како Игнатенко оди да го гаси пожарот во нуклеарната електрана, додека неговата трудна сопруга Људмила останува дома. Потоа Василиј го одвезуваат во болница во Припјат, а потоа и во Москва, каде бремената Људмила го посетува без оглед на опасноста. Василиј Игнатенко умира во маки, а Људмила потоа раѓа девојче кое од последиците на радијацијата умира четири часа по раѓањето.

Според некои податоци, Људмила Игнатенко е се’ уште меѓу живите. Има син и живее во Киев. За својата судбина проговорила многу пред снимањето на Серијата Чернобил, и тоа во книгата “Глас од Чернобил”.
Људмила на авторката на книгата, Светлана Алексијевич, и раскажала дека ден подоцна таа и Василиј требало да одат во Белорусија да ги посетат неговите роднини и дека тој од четири часот утрото требало да биде слободен од дежурство. Реакторот експлодирал во еден час по полноќ, па Игнатенко отишол да го гаси, мислејќи дека станува збор за обичен пожар.

Василиј Игнатенко по државен налог од Белорусија се преселил во Припјат, за да работи како пожарникар. Тој и Људмила се венчале во 1983. година, а се запознале како тинејџери во 1979. година. Во книгата Људмила ги опишала последните денови од неговиот живот и тие биле многу пострашни од тоа што го прикажува серијата.
“Секој ден запознавав нова личност. Последните два дена искашлуваше парчиња од белите дробови и црниот дроб. Се гушеше во сопствените органи. Ќе ја замотав раката во завој, му ја ставав во уста и ги вадев тие парчиња”, раскажала Људмила.
Василиј умрел во 25. година и бил погребан во метален ковчег под бетонот, поради фактот дека неговото тело и понатаму било радиоактивно.

Фото: HBO

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …