Крис Прат и Катерина Шварценегер и официјално се венчани!
Прат и Шварценегер имале интимна церемонија во саботата, во Монтецито, Калифорнија, како што пишуваат бројни американски медиуми.
ET успеал да добие потврда за венчавката од претставниците и од двете страни.
Ова за Прат е втор брак, а на Катерина Шварценер и е прв. Ѕвездата од „The Jurassic World“ од бившата сопруга, актерката Ана Фарис, се разделил во 2017. година после осум години брак во кој го добија 6. годишниот син Џек.

39. годишниот актер и 29. годишната ќерка на Арнолд Шварценегер и Мариа Шривер се во врска од минатиот јуни, кога биле сликани на пикник во Санта Барбара, Калифорнија. Нивната врска ја официјализираа на Инстаграм во декември минатата година делејќи „сладок“ колаж во чест на нејзиниот 29. роденден.
Во јануари Прат откри дека се свршиле после помалку од една година врска.
„Двојката се сврши многу бргу но тоа како сите да го очекуваа“, рекол извор за ЕТ.„Тие се навистина прекрасна двојка која има солидна основа. Крис добил одобрување од семејството и сите се возбудени бидејќи ја официјализираа врската“.
Во април Шварценегер имала интимна забава по повод закажаната венчавка, организирана од нејзината мајка.
Во април Шварценегер имала интимна забава по повод закажаната венчавка, организирана од нејзината мајка.

ЕТ известиле дека Прат порано овој месец на црвениот тепих по повод премиерата на „Avengers: Endgame“ прват во јавност се појавил со Катерина.Глумецот открил како се одвиваат плановите за венчавката.
„До гуша сум во планирањето. Тоа е прекрасна обврска“, се пошегувал Прат, и додал:„Ние сме навистина благословени. Ми се случуваат толку прекрасни работи што на моменти не можам да дишам“.