(ВИДЕО+ФОТО) Меган и Хари му испратиле порака на Чарлс: Не може да ги порази!

По одлуката на кралот Чарлс дека Хари и Меган ќе бидат исфрлени од Фогмор Котиџ, пријател на принцот и неговата сопруга тврди дека двајцата биле бесни за „суровата“ одлука на кралот, но дека тие тоа вешто го прикриваат.
Принцот Хари и Меган Маркл со фразата „продолжете со својот живот“ се чини ја сфатиле сериозно. Откако кралот Чарлс реши да ги избрка Хари и Меган од нивната кралска резиденција во Виндзор, оставајќи ги без дома во Велика Британија, принцот и неговата сопруга решиле да се почестат во ексклузивниот клуб за избрани членови во Лос Анџелес, каде годишна членартина чини дури 4200 УСД.

Иако еден пријател близок до парот открил дека тие биле бесни кога слушнале за одлуката на Чарлс и мислеле дека станува збор за „свирепа казна“, Сасекси „нафрлиле“ среќни изрази и прошетале низ Лос Анџелес како ништо да не се случило.



Меган се појавила во палто од 1.610 долари од Каролин Херера, кој го спарила со црни штикли на Кристијан Диор од 625 долари. Потоа Меган и Хари се сретнале со своите поријатели и го продолжиле вечерното дружење во Лос Анџелес.

This image has an empty alt attribute; its file name is hari-i-megan-1.jpg

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …