(ВИДЕО) Шакира конечно открила зошто го провоцира поранешниот: „Нашиот син ми ја даде идејата“

Откако планетарно популарната пејачка Шакира, после крахот на љубовта со славниот фудбалери, Жерар Пике, објави песна во која директно го прозива поранешниот партнер, сега открила зошто се одлучила на овој чекор.
„Песните што ги пишувам се најдобрата терапија за мене, нивниот ефект е подобар од сесија со психолог или психоаналитичар“, рекла колумбиската ѕвезда Шакира во првото интервју кое таа го дала откако таа ја објави песната во која грубо се осврнува на нејзиниот поранешен партнер.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)



Во јануари годинава, пејачката ја сними песната „BZRP Music Session # 53“ и тоа било големо олеснување за неа, открила во интервју за една мексиканска телевизија.

View this post on Instagram

A post shared by BZRP (@bizarrap)


„Влегов во студиото во едно расположение и излегов во сосема поинакво. Тоа беше големо олеснување, лек, закрепнување“, објаснила таа.
„Без таа песна, верувам дека не би била денес таму каде што сум“, додала таа.


View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Нејзиниот син и дал идеја
Говорејќи во интервју за мексиканската телевизија, идејата за песната и ја дал 10-годишниот син Милан.
„Тој ми рече: ‘Мора да снимиш нешто со Него, Бизарап е аргентински Бог!'”, открила Шакира.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бројни реакции – Брус Вилис снимен во Лос Анџелес: Изгледал дезориентиран, глетката ги растажила обожавателите

Брус Вилис е снимен во Лос Анџелес. Актерот делувал дезориентирано поради битката со афазија и …