(ФОТО) Илустрации кои потврдуваат дека суштината на вистинската љубов е во малите нешта

Љубовта е во малите нешта.
Уметничката од Лос Анџелес, Аманда Олеандер, фаќа симпатични мали љубовни моменти во нејзините илустрации. Црпејќи ја инспирацијата од сопствената романтична врска и собирање спомени од луѓе блиски до неа, таа во нејзините илустрации покажува како изгледа љубовта кога никој не гледа.
„Јас сум воодушевена од начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати, интимни моменти со луѓето за кои се грижат и кои никогаш не ги гледаме. Ова се моменти што не можат да се документираат, затоа што тоа би го променило начинот на кој лицето се однесува. Затоа јас ги цртам“, рекла Аманда. Таа работела за најголемите светски списанија како што се The New York Mag, Seventeen, Cosmopolitan, Vanity Fair.

Погледнете некои од нејзините магични реални илустрации.




Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Свечена академија по повод 80 години постоење на КУД „Стив Наумов“ од Битола

Мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов” – Битола е првиот, најстариот македонски хор, формиран …