(ВИДЕО) Џон Ивановски открил кој му донирал бубрег и се расплакал – а и вам ќе ви дојдат солзи…

Емотивенна снимка
Повеќе од девет месеци, Дилејн Ивановски од Кирквуд, Мисури чувала голема тајна од нејзиниот татко, а таа тајна на крајот му го спасила животот.
Дилејн, 25-годишна медицинска сестра во болницата „Мерси“ во Сент Луис, донирала бубрег на нејзиниот татко Џон Ивановски, кој со месеци и кажувал на својата ќерка дека не сака таа да биде негов донатор.
„Јас и реков, нема да ти го земам бубрегот. Тоа и го кажав отворено“, изјавил Џон Ивановски (60) за ABC News.
По операцијата ја снимиле неговата реакција кога дознал дека сепак тоа го направила неговата ќерка.

@delayne_i watch my dad find out that I was his anonymous kidney donor after keeping it a secret for 8 months 🥹 grab a tissue! ##fyp##kidneydonor ♬ original sound – Delayne


Пред две години на Џон Ивановски му била дијагностицирана ИгА нефропатија, еден вид бубрежна болест која може да доведе до откажување на овие органи.
Оваа болест на крајот го натерала Џон Ивановски да оди на дијализа четири до пет часа, четири дена во неделата, живот што неговата ќерка не го сакала за него.
„Тој сака да го шета моето куче и да трча со моето куче и сака да ги прави сите тие работи, но сега е на машина“, изјавила таа за ABC News.
„Мислам дека никој не треба да живее така“, додала таа.

@delayne_i News channel story about our kidney transplant! Thank you to all who have donated and reached out. I encourage everyone to donate life, it is the most rewarding experience! #fyp #kidneydonorathlete ♬ original sound – Delayne


Дилејн Ивановски рекла дека додека нејзиниот татко бил на дијализа, таа одлучила да му донира бубрег и покрај неговото противење. Во спротивно, може да поминат години додека не се појави соодветен донатор. Таа тајно поминала низ повеќемесечниот процес на добивање одобрение да биде донор и цело време живееле во иста куќа.
Тајната мисија, рекла таа, вклучувала десетици телефонски повици до социјални работници, лекари и медицински сестри без знаење на нејзиниот татко, како и подложување на крвна слика и безброј медицински тестови, често во истата клиника со нејзиниот татко.
Џон Ивановски рекол дека нема поим што прави неговата ќерка, но се сеќава дека добил телефонски повик кој му го променил животот минатиот август – го информирале дека тимот за трансплантација нашол донатор.


На денот на трансплантацијата, 16 февруари, болничкиот тим презел посебни мерки на претпазливост Џон Ивановски да не ја види својата ќерка. По успешната операција на трансплантација, Дилејн Ивановски и нејзиниот татко се опоравувале во соби на истиот кат.
Ден по операцијата, Џон Ивановски дознал дека неговиот анонимен донатор е неговата ќерка, кога таа влегла во неговата соба во болнички наметка.
„Веднаш знаев“, рекол тој.
„Бев вознемирен. Бев во шок. Ја погледнав сопругата и и реков: ‘Дали се шегувате?’ Но сега не би менувал ништо“, бил искрен тој.
Видеото објавено од Дилејн Ивановски од моментот кога таа влегла во собата на нејзиниот татко стана вирално на TikTok и собра стотици илјади прегледи.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …