Басистот на групата „Pulp“ Стив Мекеј починал на 57-годишна возраст.
Тажната вест ја објавила неговата сопруга Кејти Гранд на Инстаграм.
View this post on Instagram
„По три месеци поминати во болница, борејќи се со сета сила и одлучност, шокирани сме и уништени што се збогуваме со мојот брилијантен, убав сопруг, Стив Мекеј. Стив почина денес, загуба што ме остави мене, неговиот син Марли, родителите Кет и Пол, сестрата Мишел и многу пријатели со скршено срце. Стив беше најталентираниот човек што некогаш сум го познавала, извонреден музичар, продуцент, фотограф и режисер. Сакам да упатам искрена благодарност до сите здравствени работници кои неуморно работеа за Стив. Неизмерно ќе ми недостига. Семејството во овој момент бара приватност“, напишала таа.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram