Успешен старт на 2023 за филмот на Милчо Манчевски – РАСПРОДАДЕНИ СИТЕ ПРОЕКЦИИ НА „КАЈМАК” НА ФЕСТ, ОДЛИЧЕН ПРИЕМ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Сите проекции на филмот „Кајмак” на Милчо Манчевски на белградски ФЕСТ се распродадени во рекорден рок. Првата проекција е вечерва на 3 март. Ова е засега единствен филм на овој реномиран фестивал за кој се распродадени сите билети.

Сите филмови на Манчевски се прикажани на ФЕСТ („Мајки” е добитник на награда на ФЕСТ), а белградската публика особено го почитува нашиот најтрофеен режисер. Неговите филмови, прес конференции и разговори со публиката секогаш будат огромен интерес. Неодамна новинарката и есеистка Тања Петернек сними документарен филм во два дела за Манчевски, кој само во едно прикажување на РТС го видоа над 400.000 гледачи. Претходно режисерката Катарина Вражалиќ сними целовечерен документарен филм за опусот на Манчевски, „Портрет на уметникот”.


This image has an empty alt attribute; its file name is KAYMAK-.jpg

Во исто време, „Кајмак” беше прикажан на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, каде проекциите (на 28 февруари и 2 март) беа пречекани со огромен интерес. Опусот на Манчевски е редовно прикажуван на Фантаспорто, а тој е наградуван на фестивалот дури три пати.


Директорот на Фантаспорто, Марио Дормински, го нарече „Кајмак” „слатко ремек-дело”.

This image has an empty alt attribute; its file name is KAYMAK-5.jpg


„Кајмак” е седми филм на Манчевски, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуроимаж. Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

Филмот, црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството, беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …