ЈАБОЛКОТО не паѓа далеку од стеблото.
Новата сензација на социјалните мрежи е Зејн Софуоглу. Иако има само три години, тој доживеал повеќе од повеќето возрасни во целиот свој животен век на возење. Многумина му завидуваат, а оние другите ги осудуваат оние кои му овозможиле се’ ставајќи го во голема опасност.
View this post on Instagram
Неговото име е Зејн Софуоглу и редовно вози играчки за богатите. Нему не му е проблем да седи на кормилото на мотоцикл, а потребна му е само помош на стартот. Тоа не ви треба ни за да возите Ферари. Бидејќи не гледа преку воланот, на располагање има видео од камерата преку која успешно го контролира автомобилот.
Во исто време, неговиот татко, мотоциклистот Кенан Софуоглу, има целосна доверба во него и му дозволува да вози Ferrari SF 90 Stradale, моќно со речиси илјада коњи. Тој тврди дека неговиот син е одличен возач, но и дека сите снимки се направени под контролирани услови, што и да значи тоа.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram