Двајца полицајци, едниот белец а другиот Афроамериканец, од полициската станица Океан Сити во Њу Џерси, заедно со демонстрантите, клекнале на земја, држејќи се за раце.
Тие така оддале почит на брутално убиениот Џорџ Флојд, а сите собрани го поздравиле овој убав гест со голем аплауз.
Афро-американскиот службеник за спроведување на законот, кој клекна со својот колега во вторникот е Тајрон Ралс.
„Сфаќам, бидејќи не сум препознаен кога не сум во униформа. Јас ги разбирам обете страни. Проблемот тука е недостигот на образование. Нашиот образовен систем пропаѓа. Не учиме вистинска американска историја, не учиме за потеклото на црните лидери или како минаа тие кога дојдоа тука“, рекол Ролс.
Полициската управа на Оушн сити им се заблагодарила на демонстрантите и колегите кои во вторникот шетале по улиците на Њу Џерси.
Екран.мк
Видео и фото: Instagram/magifisher