(ФОТО) МОДЕН ДОДАТОК – МАРАМАТА можете да ја носите на различни и иновативни начини

Нивните дизајни и материјали се менуваат, но тие никогаш не излегуваат од мода
Марамите никогаш не излегуваат од мода. Единствено што се менува со текот на времето е начинот на кој се носат, како и дизајни и материјали од кои се изработени. Тие можат да бидат одличен моден додаток, а ние ви претставуваме шест начини на кои можете да ги носите марамите.

Врзана околу вратот



Можете класично да ја врзете во јазол, или двојно да ја завиткате шамијата околу вратот, а потоа да ги врзете краевите во машна. Со овој начин на врзување на марамата, најдобро е да ја врзете косата, за да дојде до израз, но и вашето лице. Обидете се да изберете што е можно потенка и помала за да не ви го скрати вратот.

Врзана во коса
Можете да врзете марама околу „репот“ или да ја врзете околу главата и да импровизирате лента. Одличен начин да се направи едноставен и еднобоен стајлинг посебен и впечатлив.


Марами на торби
Можете да ја врзете околу рачката или целата да ја завиткате околу рачката на торбата. Со еднобојни торба одат марами со јака боја и со впечатлива шара и обратно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …