(Вознемирувачко видео) Морбидно убиство на дете ја потресло Украина

Украинската полиција води истрага за сомнителната смрт на девојче (1) што се случило во нелегална градинка во градот Запорозија.
Воспитувачката од пеколот, Ирина Суханова (51), ги повикала родителите на девојчето Олесија, откако ја оставиле во градинката и им рекла дека ја ставила ќерка им на спиење, и дека наскоро престанала да дише.
Сепак, вистинската верзија на оваа морничава приказна ја откриле безбедносните камери.
Снимките од камерите во градинката покажуваат дека наставничката го удавила детето додека се обидувала да го смири, бидејќи таа плачела.
Украинските медиуми пишуваат дека девојчето било оставено во градинката од нејзината мајка околу 9 часот, а брзата помош ја прогласила смртта на девојчето во 10.45 часот.


Истрагата утврдила дека воспитувачката го удавила детето. Обдукцијата утврдила дека детето починало поради „опструкција на гастрични дишни патишта“.
Девојчето, наводно, плачело затоа што е каснато од друго дете, а на видеото се гледа како воспитувачката потоа ја крева во кревет, ја прегледува раната од гризнување на ногата, а потоа и врзува сунѓер (перница) со шамија околу вратот за да ја стави да спие, иако детето сè уште било вознемирено.
Детето најверојатно останало без воздух, во еден момент започнало да повраќа, но устата и била врзана па се задушила.
Вознемирувачкото видео го објави адвокатот на оштетената фамилија, кој го сподели на својот Фејсбук профил.
Полицијата ја уапсила негувателката (51), која исто така е сопственик на нелегалната градинка.
Инцидентот се случил на 29. мај, а судењето започнало вчера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …