(ВИДЕО+ФОТО) Бред Пит се разголил во филмот:„Подобар си од пред 20. години!“

Глумецот во една сцена ја соблекува маичката а обожавателките тврдат дека изгледа подобро отколку кога тоа го направил во култниот „Телма и Луис“ од 1991. година…


55.годишниот Бред Пит покажал зошто сè уште е миленик на жените ширум светот и зошто сè уште важи за еден од најпосакуваните мажи на светот.
Имено, за потребите на филмот “Once Upon A Time in Hollywood” во кој глуми, холивудскиот актер ја соблекол маицата и покажал какво тело има во шестата деценија од животот.


Со ова издание, Бред ги воодушевил припадничките на женскиот пол, при што некои и истакнале дека изгледа подобро отколку во претходните неколку филмови во кои исто така се разголувал. Тука било споменато и филмското остварување “Thelma & Louise” кој Пит го снимил во дамнешната 1991 година, а во кое исто така покажал со што располага.


“По ѓаволите, Бред знаел дека не треба да се соблече за да ја поправи антената, но тоа го направи поради нас”, “Толку сум тажна вечерва поради сите 55-годишни мажи кои го гледаа филмот и Бред Пит, а потоа морале да се обидат да спијат со своите сопруги”, “Филмот требало да го наречат “Бред Пит ја соблекува својата маица”, се само дел од коментарите по повод ваквата сцена.

За потсетување, филмот “Once Upon A Time in Hollywood” ги следи двајцата актери, некогашната ѕвезда на вестерн филмовите Рик Далтон (Леонардо ди Каприо) и неговиот дублер Клиф Бут (Бред Пит). Тие се обидуваат да го пронајдат своето место во новиот Холивуд, во кој сексот, дрогата и рокенролот започнуваат да се прикажуваат на револуционерен начин. Приказната се одвива на врвот од експлозијата на контракултурата, во време на хипи револуцијата и на врвот од новиот Холивуд.
Погледнете го трејлерот:

А еве ја и познатата сцена од “Thelma & Louise” во која Бред се појавува разголен:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …