Лени Моган не е обичен тркач – тој прави илустрации и уметнички дела од своите маршрути.
Во изминатите четири години, Моган внимателно ги избира маршрутите кога трча низ Сан Франциско, кои кога ќе се видат на мапа, формираат илустрации од обично срце преку мачка до вселенскиот брод „Ентерпрајс“. Досега направил 53 вакви дела, вклучувајќи го последното што се прошири на социјалните мрежи: непогрешлив портрет на мексиканската уметница Фрида Кало.
За да го исцрта ликот на Фрида Кало, Моган морал да истрча 46 километри

Логото на Бетмен
Моган никогаш не сакал да биде уметник, но откако апликациите за трчање станаа популарни, тој вели дека тркачите почнале да забележуваат илустрации во своите маршрути.
„На многумина прво им текна да истрчаат маршрута во вид на пенис. Но, јас сакав нешто поразлично, нешто оригинално“, вели Моган.

Мачка
Неговиот прв проект беше вулканскиот поздрав од „Ѕвездени патеки“, за што го инспирирала смртта на Леонард Нимој во 2015, а потоа следуваа телевизор и огромно лого на Бетмен.

Ружа
Девојка
Тркач
„Колку подолго трчаш, можеш да добиеш поубав облик“, вели тој.
За да го исцрта ликот на Фрида Кало му биле потребни околу 46 километри, довршувајќи го цртежот за шест часа и осум минути. Тој ја следи својата патека на трчање на популарната апликација „Страва“, што значи дека ова секој може да го изведе.