„Мислам дека татко ми се бореше претежно за мојата мајка, и кога знаеше дека таа не е добро, тогаш се помири со фактот дека и тој ќе се откажа“, рекол тажниот син.
„Мислам дека е исправно што ги составивме“, рекол Блејк Трон, медицински брат кој се грижел за Куртис.
Било тешко, но тие успеале да ја преместат Бети во истиот оддел каде што бил Куртис.
Кога друга медицинска сестра му кажа на Куртис дека и Бети е таму, тој се обидел да ја погледне, но бил многу слаб.
„Очите му се отворија и ги крена веѓите. Тој разбра што му рековме. Тој знаеше дека таа е таму“, рекол Трон, кој потоа ја ставил раката на Бети на раката на Куртис.
„Искрено мислам дека беа толку исцрпени што можеа да зборуваат само со својата душа или со некој посебен неизговорен јазик. Тие очигледно добро се знаеја меѓусебно за да можат да комуницираат без зборови“, рекол Трон.
Бети починала по околу 20. минути, а Куртис околу 45 минути подоцна, рекол Трон, пренесува Си-Ен-Ен.