(ВИДЕО) ТАЖНО – 53. ГОДИНИ БИЛЕ ВО БРАК, А ПОТОА И ДВАЈЦАТА ЗА ЕДЕН ЧАС ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНА: До последен момент се држеле за раце!

Бети и Куртис Тапли биле заедно поголемиот дел од животот. После 53. години брачен живот, двајцата починале од последиците на вирусот корона во рок од еден час во болница во Тексас…
Бети и Куртис Тапли оделе во истото средно училиште во Илионис, се запознале и се заљубиле во Калифорнија, се ожениле и имале две деца.
После 53. години брачен живот, двајцата починале од последиците од вирусот корона во рок од еден час во болница во Тексас, минувајќи ги последните моменти држејќи се за раце.
Бети била примена во болницата на 9. јуни, а Куртис два дена подоцна. И’ двајцата беа позитивни за вирусот корона. Нивниот син Тим (52) рекол дека неговиот татко добро закрепнува, но состојбата на неговата мајка се влошила.
Бети ги повикала него и неговата сестра и им рекла дека е подготвена да „замине“. Тим не можел да го прифати тоа.


„Налутено вреснав кога таа ми го кажа тоа. Само размислував како сè уште ми треба уште време за да и’ покажам и дека не може да замине“, рекол Тим.
Тим го известил татко му за состојбата на неговата мајка и му кажал колку го сака. Набргу потоа слушнал дека и нивото на кислород на Куртис нагло паднал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …