Во моментот кога на највисоката зграда во светот се појавила сината боја и натписот „Тоа е момче“, родителите не можеа да ја сокријат својата еуфорија.
Парот инфлуенсери, Анас и Асала Марва платиле неверојатни 95.000 УСД за да полот на нивното неродено бебе се објави на Бурј Калифа. Секако, тие снимиле сè и објавиле на Јутјуб, а видеото беше прегледано повеќе од 15. милиони пати за два дена, додека не престанува да се шири на социјалните мрежи.
Во моментот кога на највисоката зграда во светот се појави сината боја и натписот „Тоа е момче“, родителите не можеле да ја сокријат еуфоријата, а особено еуфоричниот Анас, кој ја држел ќерката Мила во својата прегратка, која за малку ќе паднела од рацете од среќа. Сите присутни веднаш им честитаа на идните родители на момчето, но реакциите на социјалните мрежи не се исти. Многумина ја осудуваат двојката за потегот за кој потрошила голема сума пари.
„Сакавме да направиме нешто уникатно и незаборавно за сите да можеме да го погледнеме во иднина и да се сетиме на тоа што го изградивме како семејство“, рекол Анас Марва.
Твитер профилот на Бурј Калифа,исто така го сподели видеото и им честиташе на парот. Анас и Асала се добро познати инфлуенсери од Дубаи. Таа има 2,6 милиони следбеници, а тој 2,5, додека нивната ќерка исто така има профил на Инстаграм.
The big news just can’t get bigger than this as the world’s tallest building lights up to reveal the biggest gender reveal ever! Congratulations @AnasMarwah and @AsalaMaleh pic.twitter.com/QPodSAFX9q
— Burj Khalifa (@BurjKhalifa) September 9, 2020