(ВИДЕО) Нова крими драма во кината: Џон Траволта во улога на познатиот мафијаш Готи

HBO уште во 1996. година направил биографски филм за Готи кога во улога на мафијашот се појавил Арманд Асанте. Меѓутоа, режисерот на новиот филм Кевин Коноли сметал дека во филмот треба да биде прикажана и смртта на мафијашот. Имено, Готи за своите злосторства е осуден во 1992. година, а починал од рак во затворот, десет години подоцна.

Покрај Траволта, во филмот глуми и неговата сопруга Кели Престон, а се појавуваат и Спенсер Роко Лофранко, Пруит Тејлор Винс, Стејси Кич, Ешли Кусато, Ел Блу Траволта и многу други.


Филмот во американските кино-сали пристигнува на 15 декември.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …