(ФОТО) Се продава апартманот на Јосип Броз во Њујорк: Проверете за колку милиони долари ќе профитира секоја, бивша, република!

Пентхаусот на Парк авенија кој властите на бивша Југославија го купиле во 1975. година се продава за 18. милиони долари. Продажбата започнала оваа недела, а парите од продажбата на некогаш луксузниот пентхаус на два спрата би требало, според договорот за сукцесијата, да ги поделат бившите републики.
Станува збор за стан со шест соби со четири бањи кои ги користеле амбасадорите на бившата држава при Обединетите нации. Станува збор за две недвижнини на Менхетн кои биле во сопственост на Југославија.
Во дуплексот со површина од 216. метри квадратни никој не престојувал повеќе до 20. години, а станот моментално е во руинирана состојба. Тоа објаснува зошто агенцијата која го продава објавила само две фотографии, онаа од терасата и од зградата во која се наоѓа станот.Југословенскиот амбасадор, Јакша Петриќ во 1975. година за станот платил 100.000 долари – во готово.
New York Post пред два месеци потсетил дека во станот престојуавал и Јосип Броз Тито.
„Тоа е вистински дијамант кој може да се претвори во скапоцен камен на врвот на една од најекслузивните згради на Парк Авенија“ рекол Тристан Харпер, агентот задолжен за продажба на пентхаусот.
Наводно, славниот Роберт Де Ниро бил заинтересиран за купување на станот во
Њујорк кој бил во сопственост на СФРЈ. Дуплексот од 216 м2, со 14 простории од кои шест спални соби,четири бањи, две тоалети се наоѓа на 730. авенија…
Славниот глумец бил свесен за руинираноста на станот но него го привлекувал фактот дека станот бил поврзан со Јосип Броз Тито.Веќе долго се говорело дека за купување на овој стан на Менхетн бил заинтересиран и Џек Николсон.
Имало многу славни личности кои биле заинтересирни за овој стан, не само Николсон и Де Ниро. Николсон конкретен интерес покажал пред пет години и било прашање дали е сеуште потенцијален купувач.

Фото: www.elliman.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …