Кортни Кокс, актерката која е позната како Моника од серијата „Пријатели” објавила видео на Инстаграм кое ги натерало нејзините следбеници да се замислат. Како е можно таа на 55. години да изгледа вака?
На видеото, таа излегува од базен во црно бикини, облекува наметка и пие коктел, а сето тоа изгледа магично, што го потврдиле и нејзините колеги кои неуморно коментирале на објавата.
„Ова изгледа епски”, напишала Кејли Куоко. „Ова е сјајно”, прокоментирала нејзината колешка од серијата „Cougar Town”, Бизи Филипс, a Ерин Фостер напишала: „Не знам што ми е повеќе кул – ова видео или тоа колку одлично изгледа твоето тело”.
За да изгледа волку совршено, Кортни Кокс јаде пилешко месо и салата за ручек, немасни и лесни протеини, риба, стек и зеленчук за вечера. Одвреме-навреме знае да се почести со паста, а обожува да јаде сирење и ореви.
Секако, за да биде волку фит, мора многу и да вежба, а теретаната е нејзино секојдневие.
Извор:star magazine.co