„Се додека те има, ниту малку не се плашам, не се плашам од никого“, му говорела српската мисица Дијана на својот дечко. Стефан во чест на манекенката го истетовирал нејзиното лице под градите…
Починатата српска мисица Дијана Милојковиќ и нејзиниот бивш дечко Стефан Кариќ имала љубовна приказна како од филмовите, која своевремено до солзи ги доведувала луѓето кои ги следеле преку медиумите и социјалните мрежи, пишува Blic.rs.
Починатата српска мисица Дијана Милојковиќ и нејзиниот бивш дечко Стефан Кариќ имала љубовна приказна како од филмовите, која своевремено до солзи ги доведувала луѓето кои ги следеле преку медиумите и социјалните мрежи, пишува Blic.rs.
Додека Дијана се борела со свирепата болест, покрај неа бил Стефан, кој и давал подршка и со секојдневни дребулии и покажувал колку ја сака. Ракот на грлото на матката и бил дијагностициран во 27. година кога почнала нејзината борба за живот. Кога „Мис на Европа“ и „Мис на Спортот“, поради болест ја избричала главата, за да и даде подршка Стефан го направил истото.
„Се додека те има, ниту малку не се плашам, јас не се плашам од никого“, му говорела Дијана на својот дечко. Стефан во чест на манекенката под градите го истетовирал нејзиниот лик.
Парот бил инспирација за многумина, но на крај ја прекинале врската. Се шушкало дека раскинале поради друга девојка но Кариќ тоа јавно го негирал.
Кога дознал дека Дијана починала, отишол до Острог во Црна Гора и споделил видео снимка на која плаче…
„Имаше таа и премногу проблеми. Само ете по некое чудо ги контролираше и задржуваше во себе. Понекогаш се чувствуваше многу лошо, а сепак одеше исправено и гордо…ретко кој можел и да наслути дека нешто и недостасува. Убедена дека кога тогаш ќе дојде подобро време, а ако случајно и не дојде, нема врска. Мина низ животот баш онака како што треба. Борбено, во стилот на кралица!“, напишал Стефан на својот Инстаграм профил и додал:
„Ти благодарам на сите денови минати со тебе, фала ти за секоја насмевка, за секоја солза, за секое добро утро и лека ноќ! Никогаш нема да те заборавам и никогаш нема да престанам да те сакам. Ќе се видиме во некој друг живот, убеден сум! И да знаеш дека за мене ти си победник во оваа борба! Почивај во мир, Дијана моја! Засекогаш твој Стефан!“
Мисицата починала на 22. јули во 33. година. Погребот ќе биде во четврток на 25. јули во 14. часот на градските гробишта во Чуприја, јавил Душан Милојковиќ, братот на Дијана.