Починал Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во Аушвиц!

Казимир Албин, последниот преживеан од првиот конвој испратен во логорот Аушвиц во јуни 1940 година, почина на 96-годишна возраст во Варшава.
Роден во 1922. година во Краков, 70. километри источно од страшниот камп на смртта каде подоцна ќе биде, Албин бил уапсен од Нацистите во јануари 1940. година во Словачка. Тој ја напуштил земјата една година пред Германија да изврши инвазија.Планот на Албин бил во Франција да и се придружи на Полската армија и да се бори против Нацистите но бил фатен за време на една мисија и веднаш испратен во Аушвиц.



Тој бил еден од 150.000 не Еврејски Полјаци во Аушвиц и преживеал после бегството на 27. февруари 1943. година заедно со уште шестмина истомисленици. Албин во интервјуто кое го дал во 2015 година за новинската агенција АФП напоменал дека ноќта била страшна и многу ладна, околу 8 до 10 степени под нулата.
„Бевме без облека и се подготвувавме да ја преминеме реката Сола која ја слушнавме сирената“, рекол Албин.
Подоцна во животот Казимир Албин сметал дека негова најважна должност е да зборува за Аушвиц и неговите убиени затвореници. Пишуваше книги, држеше говори, патуваше и разговараше со млади луѓе во многу земји – изјави потпретседателот на Меѓународниот одбор за Аушвиц, Кристоф Хејбнер.



Тој истакна дека на Албин му било посебно важно неговиот глас да се слушне во Германија.
Албин пристигнал во Аушвиц како 17.годишно момче, а во 1943 година заедно со уште еден логораш успеал да побегне од Аушвиц. Во Краков му се придружил на полското движење за отпор и се борел за ослободување на својата земја и на Аушвиц.
По бегството, неговиот брат кој останал во логорот бил малтретиран.
Многу ретко се случувало бегство од Аушвиц. Од околу 1,3 милиони луѓе испратени во логорот, само 602, вклучувајќи и 45 жени, се обиделе на побегнат. Успеале да побегнат само 144 лица, фатени се 327, а судбината на останатите 331 не е позната.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …