(ВИДЕО) Кох со цимет: Совршен колач за вашето дете, но и сите генерации!

Вкусот на детството во еден колач…Кој уште се сеќава на кохот на мама?
Потребно е:
3 јајца
3 лажици гриз
1 лажица брашно
шеќер по желба (околу 3 – 5 лажици)
1/2 лажичка цимет
1 лажица какао
100 гр суво грозје
500 мл. млеко
2  кесички ванилин шеќер
Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете гриз и брашно. Поделете на поголем и помал дел и во едниот ставете цимет, суво грозје а какао во помалиот дел.
Добро изедначете ги и двете смеси. Подмачкајте го садот за печење и посипете со брашно. Ставете го светлиот дел на дното и истурете го темниот дел со лажица. Измешајте ги малку двете теста со чепкалка.
Печете на 200 степени Целзиусови околу 20 минути. Врелиот колач исечете го на коцки, истурете го зовриеното млеко што сте го засладиле по желба и додале ванилин шеќер.
Оставете кохот да го впие млекото и да се олади па уживајте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …