(ВИДЕО) Летна посна мусака: Здрав оброк за целото семејство!

Ако сте на диета оваа мусака е вистински избор за ручек

Потребно е:
600 гр млади компири
4-5 зелени пиперки
1 праз
1 морков
50 гр ориз
буковец
1 поголем домат
малку зачинска сол
лук во гранули
масло
Подготовка: испржете го ситно исечканиот праз на масло и додадете ги исецканите моркови, а потоа исецканите пиперки. Конечно, излупени и на коцки исечени домати.
Кога сè ќе се испржи, додадете зачини и сол .. тргнете од ринглата .. Оризот претходно малку сварете го. Излупете гикомпирите и исечете ги на тенко, па додајте им буковец, црн пипер, лук и малку зачин по вкус. Додадете масло и добро измешајте.
Добро премачкајте ја тавата со масло. Наредете половина од компирите на дното, и ставете го пржениот зеленчук на средина. Над нив оризот и ставете го остатокот од компирот. Можете да додадете малку повеќе масло и да печете 45-50 минути во рерната на 200 степени Ц.
Подеатлно подготовката погледнете ја во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на татко ? живееше со својата мајка во Александрија. …