Проја со тиквички – сочна и вкусна: Рецепт кој ќе го сакаат сите домашни!

Пројата со млади тиквички и со уште нешто ќе ве воодушеви. Идеална за појадок, ужина и вечера!

Потребни состојки:
140 грама пченкарно брашно
140 грама обично брашно
2 г прашок за пециво
3 г сода бикарбона
4 г сол
150 мл јогурт
2 јајца
10 грама шеќер
60 мл масло
300 грама млади тиквички
50 грама црвена пиперка
40 грама пармезан
Подготовка:Тиквичките исечкајте ги на ситни коцки или изрендајте ги на крупно. Испржете ги на малку путер, сè додека не се застаклат. Исечете ја пиперката на што е можно помали коцки. Загрејте ја рерната на 190 ° С. Плех со средна големина (округол) намачкајте со маргарин. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно и прашок за пециво. Одделно изматете ги белките, додадете го шеќерот и повторно изматете. На крај, вмешајте ги жолчките.
Измешајте јогурт и масло, додајте сода бикарбона, промешајте малку, јогуртот ќе пени, па ќе ви треба поголем сад. Лесно измешајте ги јајцата и јогуртот, а потоа додајте ја мешавината од брашно, печиво и тиквички. Истурете сè во подготвената тава, посипете со пармезан и печете околу 30 минути.
Пријатно!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …