Трагична судбина на човекот кого го прегазил Цетински: Едниот син му загинал во сообраќајна несреќа а другиот се бори за живот!

Велат, повеќе ќе се знае после обдукцијата, најверојатно во понеделник.
А, ден после несреќата мештаните на Ровињ се во шок и не можат да сфатат што всушност се случило. Но, се согласуваат дека по таа тесна и едносмерна улица возилата возат многу брзо.
„Го сакам Тони бидејќи е наш, но го знаевме и Брацо. Тешко е да се знае што се случило бидејќи Брацо сакаша да се напие во блискиот локал ’Одеса’ кај автобуската станица“ раскажале мештаните на пазарот, каде во близина, на улица Швалина број 16., И.К. живеел. Локалот „Одеса“ во саботата бил затворена, а дека на таа уличка се случила голема тредија сведочеле и трагите од крв на патот.

Неутешната комшика на Брацо, Ружа, раскажала дека до пред две недели во станот живеел со пријателот Дарко, кој исто така сакал да се напие.
„Брацо се сожали над него и го зема да живее со него во станот.Колку што знам, и двајцата примаа социјална помош. Дарко пред 14. ден падна по скалите во зградата и оттогаш е во болница, во кома.Не знам дали ќе се извлече. Брацо има уште еден син кој живее и работи во странство, но и тој е во болница се опоравува од тешка операција на срцето“ тврди Ружа. Таа додала и дека Брацо се развел од сопругата пред 20. години, но дека таа и понатаму му помагала.
„Тој стан во поткровјето на третиот спрат е нејзин и му го дала на Брацо на користење. Иако биле разведени често му ги плаќала и’ сметките. Сега е во Босна и Херцеговина, и се јавив за несреќата, па ќе се врати. Мислам дека другиот син уште не знае за несреќата на татко му“ вели комшиката Ружа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …