Не очекува големо невреме: Најавени циклон и врнежи

Под влијание на влажен воздушен бран и циклонска активност од Медитеранот веќе во понеделник навечер и ноќта кон вторник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд претежно во западната половина на државава иако и на другите места не се исклучува можноста за локален послаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе се засилува по интензитет особено долж Повардарието. Слично со ветерот ќе биде и во вторник и среда што значи на исток повремено ќе биде со засилен интензитет особено во среда.
Во вторник врнежите ќе бидат далеку послаби и поретки меѓутоа веќе во среда уште од утринските часови најпрвин во западните а потоа и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд кој повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи. Снег ќе паѓа само на високите планини.
Температурите нема да бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени додека во среда ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури на воздухот кој ќе с еискачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, најавува метеорологот Славчо Попоски од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …