Трагична судбина на човекот кого го прегазил Цетински: Едниот син му загинал во сообраќајна несреќа а другиот се бори за живот!

Комшиката на несреќниот човек кој загинал под тркалата на автомобилот на Тони Цетински раскажала се’ за неговиот трагичен живот. Брацо, како што го викале,во сообраќајна несреќа загубил син.
„Го нема повеќе Ибрахим, Брацо или Бајо, како што го викавме. Сакаше да се напие, но навистина беше добар човек и сосед. Со сите кои го знаеа сакаше да застане и да направи муабет“ ја почнува приказната комшиката Ружа Ковачевиќ.
„Последното кафе кај мене го испивме пред два дена и се смеевме на секојдневни шеги. Господе, каква трагедија. Уште повеќе што пред неколку години кај Ровинско село загина неговиот син. Оттогаш Брацо почна многу да пие бидејќи не можеше да се справи со толкава болка“ рекла Ружа.
Да потсетиме, Тони Цетински (48) во петокот во Пуста улица во Ровињ околу 14. часот со автомобилот налетал на И.К. (62) кој смртно настрадал.После извршениов очевид полицијата утврдила дека Цетински при влегувањето во острата непрегледна кривина со „Мерцедес“ го прегазил И.К. Уште не е познато дали смртта е последица од сообраќајната несреќа или нешто друго, бидејќи наводно О.К. веќе лежел на патот во моментот на налетот. Полицијата ниту ден после трагедијата не дала повеќе информации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …