(ВИДЕО) Објавено видео како Тони Цетински пред една година возел на улицата на која вчера прегази човек

Видеото не значи дека Цетински и овојпат возел брзо. Снимката е направена за потребите на забавна емисија и нејзината намера не е да имплицира дека вчерашната несреќа е поврзана со неа…
Тони Цетински вчера во Ровињ прегази 62.годишен маж, кој смртно настрадал.
Несреќата се случила на улицата “Пуста”, а се’ уште не е познато дали смртта е последица на несреќата или е во прашање нешто друго.
Речиси невозможно брзо возење?
Имено, на ровињската полиција и’ било јавено дека на улицата “Пуста” бил прегазен 62.годишен маж од страна на автомобил со марка “Meрцедес” со кој управувал Тони Цетински.
Некои медиуми пренесуваат дека ровињската “Пуста” улица е „едносмерна и многу тесна така што во неа е речиси невозможно брзо да се вози”. Но, на оваа снимка од емисијата “Star in the car”, за жал се гледа дека тоа е возможно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …