(ВИДЕО) Објавено видео како Тони Цетински пред една година возел на улицата на која вчера прегази човек


Većina news portala je napisalo: 'Rovinjska Pusta ulica u kojoj se dogodila nesreća je jednosmjerna i vrlo uska tako da je njome gotovo nemoguća brza vožnja' (izvor: Net.hr) … no nažalost ova snimka dokazuje suprotno …

Posted by Rovinj News on Freitag, 3. November 2017


Секако, оваа снимка не значи дека Цетински и овојпат возел брзо. Снимката е направена за потребите на забавната емисија и нејзината намера не е да имплицира дека вчерашната несреќа е поврзана со неа.
Ограничување на брзината на улицата
Шефот на смена на полициската станица во Ровињ изјавил дека улицата е многу тесна и дека ограничувањето на брзината е мало. Исто така, тој изјавил дека нема податоци за бројот на несреќи на таа улица, но и дека не се сеќава кога последен пат се случила несреќа на ова место.
Детали од несреќата
Полицијата објавила детали од несреќата во кои стои дека алкотестот на возачот на Мерцедесот е негативен.
“Во несреќата која се случи на 3.ти ноември околу 14. часот, на улица “Пуста” во Ровињ смртно настрада 62.годишен маж.
Полициските службеници заедно со надлежниот државен обвинител спровеле истрага на местото на несреќата и утврдиле дека истата се случила кога 48. годишниот маж управувал со личниот автомобил „Мерцедес“ со пулски регистарски таблички по коловозот на улицата, и при доаѓање во остар и непрегледен свиок, со автомобилот прегазил 62.годишниот маж.
Телото на починатиот е пренесено на Одделот за патологија на Општата болница во Пула, каде по налог на државниот обвинител ќе биде направена обдукција, со цел да се утврди причината за смртта”, објавиле од полицијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …