Џилиен и Џена денес имаат три години, но сеуште омилено нешто им е да се држат за рачиња.
Моно моно близначки родени во САД ги зачудиле дури и’ докторите.
Имено нивната мајка Сара поради критичната здравствена состојба морала да оди во болница скоро два месеци пред терминот кој бил одреден за царски рез.
Девојчињата се родени со разлика од 46. секунди и за среќа се’ поминало во најдобар ред. Меѓутоа нешто ги збунило докторите кои биле присутни во салата. Веднаш после вадење на бебињата со царски рез од стомакот на мајката, девојчињата се држеле за рачиња!
Мајката се испаничила гледајќи ги лицата на докторите, но веднаш ја смириле и ги кренале девојчињата за да може да ги види.
Моно моно близнаци се многу ретки и се раѓаат еднаш во 10.000 бремености, тоа се идентични близнаци кои ја делат плацента и воденик. Ваква бременост се случува кога има само еден оплоден ембрион, но тој се дели на два дела откако веќе поминале повеќе од осум дена од оплодувањето.
Двојката веќе имала син кој секој ден доаѓал во болница да ја види мајка си и да не биде одвоен од раѓањето на неговите сестрички.
Џилиен и Џена денес имаат три години, но сеуште омилено нешто им е да се држат за рачиња.