Повеќенаменски корисен и НАДВОР ОД КУЈНА: 23 начини на кои можете да користите КОКОСОВО МАСЛО

Поради својот состав, кокосовото масло може да се користи на многу начини
Вон готвењето, кокосовото масло може да се користи на повеќе начини за да ја подобрите вашата убавина или да ви помогне да го исчистите вашиот дом.

Претставуваме 23 начини како да го користите кокосовото масло во вашиот дом.


1. Користете кокосово масло за растење на трепките и веѓите
Комбинирајте еднакви количини кокосово масло и рицинусово масло и измешајте ги заедно во мал сад. Со чиста четкичка од стара маскара нанесете од смесата на трепките или веѓите. Кокосовото масло ќе помогне вашите влакна да растат правилно, додека рицинусовото масло ќе ви помогне да добиете подобра густина.

2. Освежете ја косата со кокосово масло
Се што ви треба се неколку лажици кокосово масло кои ќе ги загреете во микробранова рерна додека маслото не стане целосно течно. Кога малку ќе се олади, потопете го чешелот во кокосово масло и чешлајте ја косата. Исчешлајте ја косата и измијте ја по 30 минути или оставете го маслото преку ноќ и измијте ја косата наутро.


3. Отстранете ја шминката
Ставете мала количина кокосово масло на памук и отстранете ја шминката околу очите. Како дополнителен бонус, кокосовото масло ќе помогне да се подобри растот на трепките.

4. Отстранете го целулитот
Комбинирајте кокосово масло со мелено кафе во мал сад и нанесете мала количина од смесата на вашата кожа. Нежно втријте, направете здрава ексфолијација, а потоа исплакнете.


5. Хидрирајте го лицето и телото
Кокосовото масло е неверојатен навлажнувач за вашето лице и тело, бидејќи кокосовото масло продира длабоко во кожата за да помогне во зајакнувањето на основното ткиво.

6. Еликсир за усни
Измешајте еднакви количини кокосово масло и бел гранулиран шеќер или кафеав шеќер заедно со една капка екстракт од ванила во мал сад. Ќе добиете миризлив мелем кој ќе ги реши вашите испукани усни и ќе ги направи меки и еластични.

7. Лосион по бричење
Заменете ги купените креми и лосиони кои ги користите по бричење. Втријте кокосово масло во кое е вмешано шеа путер и бадемово масло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …