Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз за пензионерите

За да се заштити здравјето на најранливите граѓани и да се спречи ширењето на коронавирусот, од утре (02.06.2020 година, вторник) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасните лица (жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години) во деновите вторник, петок, сабота и недела.

Оваа мерка се воведува по препорака на епидемиолозите и Кризниот штаб за справување со новонастанатата состојба.


Градот Скопје и ЈСП апелираат до граѓаните рационално да го користат јавниот превоз и задолжително да носат заштитна опрема.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …