Со црни прогнози на Фејсбук се јави и вицепремиерот Бујар Османи,кој утрово преку својот профил на Фејсбук апелираше граѓаните да внимаваат на своето здравје и да ја користат маската, која значително го намалува ризикот за ширење на заразата.
Исто така, тој додаде дека денеска бројот на заболени од корона вирус во земјава е позагрижувачки.
„Добро утро,
Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
– не биди причина за смртта на најблиските
П.С Денес бројот е уште позагрижувачки“, напиша Османи на својот профил.
Бујар Османи: „Денеска бројот е уште позагрижувачки!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.